Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давутоглу: „Јужен Поток“ е коридор на мирот во регионот

Давутоглу: „Јужен Поток“ е коридор на мирот во регионот
Гасоводот „Јужен Поток“ не е само енергетски, туку тоа ќе биде и коридор на мирот во балканскиот и кавкаскиот регион, изјави турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во своето обраќање на Меѓународен енергетски форум, во Њујорк. Давутоглу, како што јави Анадолија, нагласи дека на Европа и се неопходни нови проекти кои ќе обезбедат сигурност на енергетскиот сектор и нивната реализација претставува најдобра алтернатива за европскиот континент. Според Давутоглу, изградбата на новите енергетски коридори ќе придонесе за стабилизација на регионите на Балканот и Кавказот, кои по завршувањето на Студената војна долго време беа третирани како зони на нестабилност.  
Слично

Поврзани вести