Давос 2013: Подгответе се за драстичен раст на каматите!
Претстои драстичен раст на каматните стапки, што ќе почне веднаш штом се појават јасни сигнали дека американската економија зема сила, анализираше милијардерот Џорџ Сорос за CNBC за време на Светскиот економски форум во Давос.
Според Сорос, во моментов амариканскиот ФЕД води политика, слична на као што вели „бесплатен ручек за банките" преку програмите за откуп на обврзници.
„Меѓутоа, бидете внимателни бидејќи веднаш штом тоа ќе заврши, каматите ќе одат нагоре“, предупредува инвеститорот.
Според Сорос, процесот за раст на каматните стапки веќе е започнат, а ќе се интензивира веднаш штом се решат нејаснотиите со американскиот буџет и преземат ошекуваните инвестициски одлуки.
Милијардерот се залага против намалување на трошоци како начин за борба против прекумерната задолженост на развиените економии и додава дека при затегнување на економијата, должничкиот товар всушност се зголемува.
Сорос предупредува уште дека политичката ситуација во Европа може да се влоши во следните две години, бидејќи има голема поделба помеѓу центарот на еврозоната и другите земји.
Во однос на валутната војна Сорос дава интересен коментар.
„Целиот свет се однесува спротивно на германскиот рецепт. Германија верува во намалување на трошоците, а останатиот свет - во квантитативните олеснувања и затоа фрла уште и уште пари во кризата. А тоа навистина функционира- така што ја спречува депресијата ", објаснува тој.
Според инвеститорот, Јапонија е насочена кон уште мерки за полнење на пари во економијата што ќе го повлече курсот на јенот, додека еврото само ќе поскапи поради одбивањето на еврозоната да влева уште пари.
„Ова може да ја однесе Германија во рецесија или барем да го забави растот на економијата", смета Сорос.
Слично
