Економија, финансии, бизнис

Контакт

Давос 2013: Падна договор „Ројал Дач Шел“ и Украина заедно ќе произведуваат гас

Давос 2013: Падна договор „Ројал Дач Шел“ и Украина заедно ќе произведуваат гас
Светскиот нафтен гигант „Ројал Дач Шел“ и Украина се согласија заеднички да произведуваат гас од шкрилци, што има за цел да ја намали украинската зависност од соседна Русија. Спогодбата треба да се потпише во присуство на украинскиот претседател Виктор Јанукович и највисоките претставници на „Шел“, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, јавија светските те медиуми. Владата во Киев проценува дека регионот источен Доњецк има околу три билиони кубни метри природен гас, што е доволно за подмирување на потребите на земјата при моменталното темпо на потрошувачка на гас, во следните околу 70 години. Некои прогнози укажуваат на тоа дека Украина, покрај Франција и Полска, ги има можеби најголемите депозити на шкрилци во Европа. Министерот за природни ресурси, Олег Проскурјаков, за украинските медиуми изјави дека инвестицијата ќе достигне „десетици милијарди долари“, а годишно во следните 10 до 15 години ќе се произведуваат од 10 до 20 милијарди кубни метри гас. На Украина и недостасува технологијата потребна за длабоки ископувања на шкрилци, па затоа и се потпира на увозот на гас од Русија. За учество на украинскиот пазар со гас заинтересирана е и американската фирма „Шеврон“.
Слично

Поврзани вести