Давај Донбас - Русија ќе „лапне“ нов дел од Украина
Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски стравува дека Русија има можност да анектира нова територија од источна Украина по враќањето на Крим каде се одржа референдум за отцепување.
Сега слично сценарио му се заканува на регионот Донбас каде се водеа жестоки битки меѓу украинската армија и проруските сепаратисти.

Вашчиковски предупреди дека Русија веќе издава лични карти и пасоши, запленува украински имоти и регионот го изолира од остатокот на земјата.
Министерот кажа дека ситуацјата во Донбас станува се потешка, бидејќи Русија не го почитува мировниот договор од Минск, поптишан во 2014 година.
Вашчиковски престојува во посета на Украина заедно со британскиот колега Борис Џонсон.
Слично
