Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАВААТ ПОДДРШКА НА МАКРОН: Која европска земја е спремна да испрати војници во Украина?

ДАВААТ ПОДДРШКА НА МАКРОН: Која европска земја е спремна да испрати војници во Украина?

Холандија e спремна да испрати војници во Украина. Оваа земја ја поддржува идејата на францускиот претседател Емануел Макрон. 

„Холандија не ја исклучува можноста во Украина да распореди војници од западните земји“, изјави началникот на одбраната на холандските вооружени сили, генерал Оно Ајхелсхајм.

Вели дека сите опции треба да бидат отворени, за да видат како можат да ја поддржат Украина на најдобар начин. 

Ајхелсхајм ова го изјави за „НЛ тајмс“, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не е исклучено Западот да испрати војници во Украина.

Ајхелсхајм изјави дека Украина не побарала од Холандија да испрати војници и дека „во моментов нема смисла да се зборува за тоа“.

„Кога западните војски би отишле во Украина, тие би морале да бидат во коалиција. Тоа би можело да се организира преку НАТО или некој сојуз од 10-15 земји. Би било многу чудно една или две земји да го направат тоа сами“, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „иако не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји на фронтот во Украина, ништо не треба да се исклучи“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупреди дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Руската Федерација ќе биде неизбежен доколку во Украина бидат испратени западни војници.

Инаку, естонската премиерка Каја Калас исто кажа дека сите опции се на маса. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести