Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дански вид на коронавирусот се шири во Европа

Дански вид на коронавирусот се шири во Европа

Дански вид на коронавирусот се шири на европскиот континент. 

За оваа мутација се смета дека полесно го заобиколува одбранбениот систем и полесно продира во телото.  Два случаи на данскиот вид се откриени во Ансбах и Ној-Улм во Германија. Лабораторијата во Аугсбург докажала дека причина за болеста на двајца пациенти постари од 60 години е данскиот вид. Нејасно е какви врски би можеле да имаат пациентите со Данска. Данската влада во ноември минатата година уби голема популација на куни и се очекуваше видот да исчезне. Сепак тоа не се случи.

Британскиот сој на коронавирусот го има во повеќе од 70 држави во светот, а тој се појави и во Македонија. 

СЗО ќе утврди како се појави коронавирусот во Кина лани. 

Вирусот „коси“ во светот. За седум дена во светот починаа 96.000 пациенти заразени со коронавирусот. Ова е црн рекорд откако почна пандемијата. 

Слично

Поврзани вести