Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен вели дека ниту една земја не може само да дојде и да се „послужи“ со Гренланд, автономната територија на Данска која aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја посакува. 

„Не можеме да имаме светски поредок во кој некои земји, ако се доволно големи, ќе можат да се послужат со други територии ако сакаат“, изјави Расмусен еден ден откако Трамп ја презеде функцијата.

Трамп предизвика загриженост на почетокот на јануари кога одби да ја исклучи можноста за воена интервенција што ќе ги стави Гренланд и Панамскиот канал под контрола на Соединетите Американски Држави(САД). 

Министерот рече дека е „задоволен“ што Трамп не го спомнал Гренланд како приоритет во својот говор. 

Данската премиерка Мете Фредериксен вчера напиша дека Европа сега ќе мора „да маневрира во рамките на новата реалност“. Трамп во 2019 година сакаше да го купи островот. 

Идејата за враќање на Панамскиот канал поттина протести во Панама. Тамошните жители запалија слики на Трамп и го запалија американското знаме. 

Слично

Поврзани вести