Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

Тор Педерсен од Данска е првиот човек во светот кој ги посетил сите земји без да користи авион во континуираното патување кое траело речиси десет години.

Неговото патување вклучувало возови, автобуси, чамци, камиони и пешачење низ џунгли, пустини, планини и градови. Во текот на патувањата, како што рекол, се соочил со болести, бирократија, осаменост и човечка добрина. Тој тврди дека дури по враќањето во Данска, го сфатил обемот на она што го направил.

Во интервју за „Гардијан“ тврди дека отсекогаш имал страст за патувања и предизвици, а идејата за оваа мисија му дошла од имејлот што му го испратил татко му.

Му пратил линк до статија за луѓе кои ја посетиле секоја земја во светот, но никој од нив не го направил тоа без користење авион. Педерсен раскажа дека тоа бил моментот кога си поставил за цел да посети 203 држави, без ниту еден лет, со буџет од 20 евра дневно.

Своето патување го почнал на 10 октомври во 2013 година, оставајќи ги зад себе Данска и неговата тогашна девојка, а тогаш верувал дека патувањето ќе трае четири години. Меѓутоа, неговото патување траело девет години, девет месеци и 16 дена.

„Имаше моменти кога не знаев дали некогаш ќе завршам. Се чувствував како да бев заробен во временска капсула. Сè се менуваше, а јас бев постојано бев на пат“, изјави Педерсен.

Во мај 2023 година, тој ја завршил својата мисија.

Слично

Поврзани вести