Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ: 60 годишната жена која почина по вакцинирањето со АстраЗенека, имаше чудни симптоми

ДАНСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ: 60 годишната жена која почина по вакцинирањето со АстраЗенека, имаше чудни симптоми

Жената од Данска која имаше 60 години и која почина од тромб откако беше вакцинирана со вакцината против коронавирусот на АстраЗенека, имала „многу невообичаени“ симптоми, објави Данската агенција за лекови синоќа доцна вечерта, пишува Индекс.хр.

Според агенцијата, таа имала намален број на тромбоцити, но и тромбови во малите и големите крвни садови, како и крварење.

Програмата за вакцинација во Европа беше нарушена во изминатите две недели по извештаите за згрутчување на крвта кај луѓе по вакцинацијата со АстраЗенека. Некои земји привремено престанаа да вакцинираат со оваа вакцина.

Европската агенција за лекови ЕМА објави дека нема индиции дека овие случаи биле предизвикани од вакцинација, што беше потврдено од Светската здравствена организација во петокот.

АстраЗенека вчера објави дека ги прегледала податоците за безбедноста на вакцината за луѓето кои ја примиле и нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Слично

Поврзани вести