Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данска затвори автопати и ги запре возовите со Германија поради имигранти

Данска затвори автопати и ги запре возовите со Германија поради имигранти

Полицијата во Данска затвори магистрални и железнички врски со Германија во средата во обид да се запре протокот на бегалци на север кон Шведска, јави "Ројтерс".

Автопатот, кој е витална артерија за премин на луѓе и стоки меѓу двете земји, беше затворен во средата, кога околу 300 бегалци, вклучувајќи деца, се обиделе да го користат за да стигнат до Шведска.

"Се обидуваме да разговараме со нив и да им кажеме дека е навистина лоша идеја да се оди по автопат", изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата, исто така, побара од државната железничка компанија да се запрат сите возови меѓу Германија и Данска до втора наредба.

Полицијата рече дека во градот Родби околу 200 лица одбиле да слезат од два воза или да бидат однесени во приемни центри, наместо тоа побарале да продолжат кон Шведска, каде што имаат роднини или пријатели.

"Знаеме дека тие сакаат да стигнат до Шведска, но не можеме да го дозволиме тоа. Значи во моментов очекуваме да започнеме дијалог со нив", соопштуваат од полицијата.

Германија и Шведска се меѓу најпознатите дестинации за кандидатите за азил, а Данска воведува построги ограничувања во последниве години.

Данскиот парламент ја одобри минатата недела одлуката за намалување на социјалната помош за новодојдените бегалци како дел од напорите на владата да ја направи Данска помалку привлечна за кандидатите за азил.

Данските власти велат дека мигрантите ќе бидат регистрирани или вратени во Германија.

Според податоците на полицијата околу 30 лица се брзаат да слегуваат од еден од возовите во Родби, но ситуацијата била надмината.

Во четвртокот наутро данската полиција објави дека го отвора автопат со Германија. Од полицијата ги повикаа патниците да приготват лични документи за проверка, но од пораката не станува јасно дали се воведува задолжителна проверка на документите.

Австриските власти исто така затворија во средата вечер пат во источниот дел на земјата поради бегалци.

Сообраќајот беше запрен поради група од околу 800 луѓе од Сирија, кои се упатиле од Унгарија кон Виена. Уште до крајот на денот се очекуваше тие да бидат испратени со воз во австриската престолнина, каде ќе можат да продолжат за Германија.

Слично

Поврзани вести