ДАНСКА ЗАТВОРА ЦЕНТРИ: Бегалците не бараат азил-се враќаат дома?
Намалениот број на азиланти во Данска принуди неколку општини да ги затворат центрите за бегалци на својата територија и да го намалат персоналот, пренесе локалниот весник The Copenhagen Post.
Од јуни наваму само во Јамербугт и Вестхимерланд локалните администрации биле принудени да ослободат 90 вработени.
Истовремено имиграциските власти затворија центар за деца-бегалци во Вестерн Хермитслев и уште еден во близина на Хадерслев.
„Нивото на активност се намалува и ние сме принудени да се запрашаме и да видиме дали го имаме потребниот број вработени, за да се справиме со задачите“, појасни шефот на центарот за бегалци во Вестхимерланд Кеси Грегерсен.
Слично
