Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАНСКА ВО ТЕШКИ ПРОБЛЕМИ: Нема невработени а и требаат работници!

ДАНСКА ВО ТЕШКИ ПРОБЛЕМИ: Нема невработени а и требаат работници!

Данска технички бележи целосна вработеност и мора да најде начини да ја зголеми својата работна сила како би ги избегнала штетните последици за економијата.

На овој проблем предупредија од данската Централна банка.

„Невработеноста достигна „структурно ниво“ ...Меѓу невработените, така речено, нема резервни работници“, утврдила Централната банка во тримесечениот извештај.

„Веќе постојат назнаки за притисок на пазарот на труд. Најочигледен показател се извештаите за недостиг на работници во градежниот и производствен сетор“, се додава во извештајот.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Данска во мај изнесувала 4,2 отсто.

Во Централната банка издвојуваат четири групи граѓани кои би можеле да ја зголемат работната сила-се работи за работници кои го одложуваат заминувањето во пензија, студенти, граѓани со инвалидска пензија и имигранти.

Исто така, од централната банка предупредија дека на пазарите со недвижнини во Копенхаген им се заканува прегревање.

„Зголемувањето на цени во Копенхаген е толку силно што тој раст можеби укажува на меур ...баш како и во средината на минатата деценија“, предупредија од Централната банка.

Слично

Поврзани вести