ДАНСКА ТУРИСТКА „ОБВИНЕТА“ ДЕКА ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ОХРИД ГО БАКНУВАЛА БОКСЕРОТ ТОМИ ФЈУРИ: По ова англиската ѕвезда ја прекина петгодишната врска
Англиската боксерска
ѕвезда, Томи Фјури, помладиот
брат на Тајсон Фјури бил уловен како се бакнува со девојка во ноќен клуб
во Охрид, а тоа били причина за неговата разделба со познатата риалити ѕвезда,
неговата свршеницата Моли Меј со која има и дете.
Како што наведува „Дејли мејл“, младиот боксер Фјури и Меј се разделиле поради девојка од Данска, Мила која била на одмор во Охрид каде што е престојувал и тој. Британскиот медиум пишува дека, Фјури ја бакнал на забава во охридски ноќен клуб. Сведоци тврдат дека боксерот „не се грижел“ кој го видел како ја бакнува русокосата додека пиел вотка и се забавувал во ноќен клуб во 2 часот по полноќ.
Истовремено, Мила Корфиксен негираше дека ја бакнувала ѕвездата на „Љубовен остров“ и изјави дека тој бил совршен џентлмен, а таа има момче. За „Сан“ изјави дека била шокирана кога дознала за разделбата на Томи и Моли-Меј.
„Јас сум девојката, но ништо не се случи. Само се забавувавме. Ниту не знаев кој е тој, споделивме само бакнеж, ништо друго не се случи. И ако знаев за Моли-Меј, никогаш немаше да го бакнам“, рече Корфиксен.
„Нè поканија на неговата маса, се забавувавме и толку. Ништо не направивме. Никогаш не би направила ништо со оженет маж, бидејќи тој е во основа е оженет, со мало дете“, рекла Корфиксен.
фото: Instagram