Данска стравува од мега хакерски напади од Русија
Данскиот министер за одбрана Клаус Хјорт Фридриксен стравува од мега хакерски напади од руска страна кои може да ги парализираат нивните безбедносни но, и инфраструктурни системи и дека оваа закана е реална.

Русите може да извршат хакерски напади врз нашиот здравствен систем, да ги нападнат болниците, да креираат тотален хаос. Стравуваме и од напади врз електричната мрежа, инфраструктурата и економскиот систем, а хакерите работат со поддршка на руската влада, вели Фридриксен.
Во Русија се чудат на стравот на данскиот министер за одбрана и одбиваат да ги коментираат ваквите параноични стравови бидејќи Данска ниту им е соседна земја, ниту пак имаат некакво активно непријателство. Фридриксен посочи дека мора да се зголеми буџетот за одбрана и да се испратат поголем број на војници во мисијата на НАТО која е наменета за заштита на границите на источните земји кои се под директна закана на Русија.
