Данска не ja сака Турција во ЕУ
Мајкл Ааструп Јенсен од владејачката Либерална партија во Данска инсистира на итен прекин на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ.
„Мината е црвената линија за минималните услови што се бараат од земја кандидатка за членство во ЕУ“ - за британските медиуми изјави Јенсен.
Претседателот, Реџеп Таип Ердоган презеде серија на антидемократски иницијативи и поддржува враќањето на егзекуциите, додава тој. Во последните денови тој е уште еден европски глас, кој се спротивставува на евентуалното влегување на Турција во ЕУ по Австрија и Шведска.
Данското Министерство за надворешни работи не одговори на барањето за коментар на оваа тема.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во неделата се закани со блокада на преговорите на ЕУ со Турција, напоменуваат британските медиуми.
