Економија, финансии, бизнис

Контакт

Данска ја намали прогнозата за економски раст на земјата

Данска ја намали прогнозата за економски раст на земјата
Данската влада ја преполови прогнозата за раст на економијата за оваа година од првичните 1,2 отсто на 0,5 отсто, наведувајќи ја како причина глобалната економска неизвесност. – Големото намалување на прогнозата за растот е последица од падот на стопанската активност во последниот квартал во 2012 година – наведено е во соопштението на данското министерство за економски работи. За разлика од скандинавските соседи, Данска од избивањето на финансиската криза паѓаше и излегуваше од рецесија, а економијата на таа земја во 2012 година падна за 0,5 отсто по растот од 1,1 отсто во 2011 година.
Слично

Поврзани вести