Данска и Шведска продолжуваат со контролата на границите уште 6 месеци
Данска и Шведска го продолжија за уште 6 месеци проверките по Шенген границите. Според Копенхаген и Стокхолм во Европа сеуште го нема потребното ниво на безбедност, кое дозволува слободно движење на луѓе.
Двете земји ја воведоа вонредната мерка како средство за ограничување на нелегалната миграција.
Шведска уште минатиот ноември воведе делумна контрола во јужниот дел на земјата, пред самиот почеток на оваа година да се обврзат сите автобуски, фериброти и железнички превозници да обезбедат информации за патниците. Данска речиси веднаш реагираше на последната одлука на својот сосед, а за возврат започна произволни проверки на границата со Германија.
Во 2015 година Данска прифати 21 000 барања за азил, а Шведска 163 000, а последната стана земја со најмногу запишани бегалци по глава на нејзиното население во рамките на ЕУ.
„Во сегашната ситуација сеуште нема одржливо решение за обезбедување на надворешните граници на Европа“, изјави данскиот министер за имиграција Ингер Стоиберг.
„Мило ми е што имаме можност да ја одржиме граничната контрола барем до 12 ноември“, додаде таа.
Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман во одделна изјава рече дека неговата земја ќе ја продолжи мерката до 11 ноември.
Во мај ЕУ одобри можноста за продолжување на граничната контрола на шенгенските граници поради барања од Шведска, Данска и други земји.
Според правилата во Унијата проверките може да се обноват за период од 2 години, со обновување на секои 6 месеци.
