Данска и Финска ќе бараат ПЦР тест без разлика дали патниците се вакцинирани или не
За влез во Данска и Финска повеќе нема да се доволни ковид сертификатите.
Наскоро ќе биде потребен негативен ковид тест за влез во Данска, без разлика дали лицето е вакцинирано или не. Мерката треба да биде одобрена од Епидемискиот комитет на данскиот парламент пред да стапи на сила.
Седумдневната инциденца во Данска е највисока во ЕУ.
Од 28 декември, за влез во Финска ќе биде потребен негативен ковид тест не постар од 48 часа, како и ковид потврда. Ова се однесува на странските државјани, лица кои не живеат во земјата и во случај на посета за која не постои итна причина.
Слично
