Данска го укинува данокот на храната што дебелее
Данска одлучи дека од 1-ви јануари ќe го укине данокот на храната богата со заситени масти по едвај една година од неговата примена, за кој се утврди дека предизвика голема штета на бизнисот. Исто така оваа држава се откажа од предложениот данок на шеќер што требаше да се применува веќе идната година.
Во октомври 2011-ва, Данска беше прва земја во светот која во борбата против лошите навики во исхраната и нездравиот начин на живот го воведе данокот на месо, млечни производи и масло за готвење кои содржат повеќе од 2,3% заситени масти. Данокот изнесуваше 16 круни (2 ,14 евра) за килограм. Во борбата против нездравата исхрана Данска воведе и воведе повисоки даноци за пиво, вино, чоколада, бонбони, сладолед и газирани пијалаци.
Слично
