Данска ги продава островите?
Данска се состои од повеќе од 400 острови, но изгледа кралството мора да се раздели со некои од нив . Некои економисти препорачуваат да се затворат за постојано живеење и дури да бидат продадени неколку помали островот , и на тој начин да се пополни државната каса , пренесе ИТАР -ТАСС .
Жителите на островите со секоја година стануваат се помалку , а трошоците за комуналии растат . На пример, секој жител на островот Егхолм во теснината Лимфорд , недалеку од градот Олбор , го чини локалниот буџет околу 143 илјади круни , или 26 000 долари годишно , а секој жител на малото островче Барса , северно од Абенра , чини 120 000 круни годишно , или 22 000 долари.
Истражувачот во областа на локалното планирање од универзитетот во Олбор, Јорген Мелер, оценува дека треба да се затворат некои од овие острови , бидејќи тие немаат иднина и прецизира дека со парите ќе може да се даде живот на островите , кои е можно да се зачуваат .
Слично
