„Данон” повторно под истрага во Кина, овојпат за поткупување лекари
Во францускиот прехранбен гигант “Данон” започна интерна истрага околу тврдењата дека една подружница на компанијата поткупувала лекари во Кина.
Според написите во кинескиот весник “21st Century Business Herald”, „Нутрициа”, која ја прави млечната формула „Карикер” давала поткуп на лекари за да ја форсираат продажбата на млекото.
Новинарскиот извештај се базира на неименуван извор кој тврди дека подружницата им давала подароци и им плаќала патни трошоци на над 100 лекари во 14 болници во Пекинг.
Ова е второ обвинение за корупција против “Данон” во последните неколку недели.
Слично
