Даночните инспектори во голема акција во италијанските ресторани, барови и дискотеки
Голема даночна операција спроведоа италијански даночни службеници во елитните центри во Италија во проверка на рестораните, продавниците за накит, барови и дискотеки.
Инспекција опфати стотина објекти на полуостровот, но исто така и на Сардинија и Сицилија. Даночниците ја почнаа акцијата во петокот вечерта, а завршија во неделата наутро, објавија италијанските медиуми.
Резултатот од спроведената акција сеуште не е познат. Италијанската влада во последниве години ја потенцира борбата против затајувањето данок како голем проблем со оглед тоа дека секоја година со зтајувањето се осиромашува државната каса за околу 120-150 милијарди евра.
Слично
