Економија, финансии, бизнис

Контакт

Даночната реформа на Трамп удар за Deutsche Bank: Трета година по ред во загуба

Даночната реформа на Трамп удар за Deutsche Bank: Трета година по ред во загуба

Уште една година, уште една загуба за Дојче банк (Deutsche Bank). Најголемата банка во Германија објави во петокот дека е во црвено трета година по ред, овој пат поради даночните промени во САД. Банката, исто така, најави намалување на приходите.

Голем број компании ширум светот најавија дека страдаат од даночната реформа на администрацијата на Трамп на краток рок, објави СиЕнЕн.

Но, ситуацијата е особено непријатна за Дојче банк, која со години страда од судски битки, регулаторни парични казни и прашања во врска со нејзината финансиска состојба.

„Само поради американските даночни реформи на крајот на годината, моравме да пријавиме загуба по данок“, вели извршниот директор Џон Крајан. „Ние веруваме дека цврсто се наоѓаме на патот кон раст и повисоки приходи со постојана дисциплина во однос на трошоците и ризиците“.

Крајан, кој се приклучи на Дојче банк во 2015 година, изврши голема ревизија дизајнирана да и помогне на финансиската институција да се натпреварува со своите глобални конкуренти со намалување на трошоците и сложеноста на работењето.

Тој ги затвори стотиците банкарски филијали и ги намали десетиците илјадници работни места.

Во петокот тој побара од инвеститорите повеќе трпение.

Акциите на банката се намалија за 6% на берзата во Франкфурт. Од 2014 година, хартиите од вредност имаат изгубено половина од нивната вредност.

Банката објави годишна загуба од 500 милиони евра во 2017 година. Сепак, поради даночната реформа, даночната загуба од 2,2 милијарди евра беше пријавена за четвртиот квартал од годината.

Приходите паѓаат за 12% во 2017 година.

Слично

Поврзани вести