Данилов: Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава како што е Северна Кореја и Садамовиот бункер
Украина одговори на заканите кои кон нив ги упати соработникот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, кој кажа дека ова е само почеток, загревање, и дека барањата ќе се зголемуваат.
Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, одговори на заканите на путиновиот заменик и сојузник Дмитриј Медведев. Тој вели дека Медведев треба да „најде бункер каде ќе се крие“.
„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава како што е Северна Кореја и Садамовиот бункер, каде ќе се крие и конечно нека престане да пишува 'русија' со голема буква и да се навикне на фактот дека 'тие сè уште не се ни повлекле'“, објави Данилов вчера на Твитер.
Украина спроведува контраофанзива со цел да ги врати окупираните територии. Веќе имаат ослободени територии кај Херсон.
Фото: скриншот
Слично
