Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дамаск: Воздушните напади на САД врз „Исламска држава“ се неефикасни

Дамаск: Воздушните напади на САД врз „Исламска држава“ се неефикасни

Бомбардирањето на земјите од коалицијата предводена од САД, меѓународната коалиција во позициите на групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак има само „површен карактер и се карактеризира со мал обем“. Тоа го изјавил во интервју за јапонската агенција Кјодо заменик-министерот за надворешни работи на Сирија Фејсал ал Микдад.

Заменик-министерот изјавил дека „најефективниот начин за борба со Исламска држава се копнените операции“, кои може да се извршат од самите Сирија и Ирак. Тој исто така, додал дека подготовките на антивладините сили во Сирија, извршени од САД, „доведува до продлабочување на конфликтот и ширење и на други земји“.

Ал Микдад исто така, ја повика Јапонија кон поблиска соработка во борбата против тероризмот.

Слично

Поврзани вести