Дали Зеленски е спремен да отстапи територија?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека санкциите за Русија мора да бидат засилени ако не биде договорена трилатерална средба или ако Москва се обидува да избегне чесен крај на војната.
„Санкциите се ефективна алатка. За сите прашања важни за Украина, особено територијални, мора да се дискутира со учество на Украина. Мора да се постигне вистински мир што ќе биде траен, а не само уште една пауза во руската инвазија. Безбедноста мора се гарантира долгорочно, со вклучување и на Европа и на САД“, додал Зеленски.
Трамп и Путин разговараа речиси три часа во Енкориџ, далеку пократко од најавените шест-седум часа од Кремљ. Притоа не беше постигнат договор за прекин на огнот, но Трамп кажа дека се согласил со Путин дека веднаш треба да се оди на мировен договор, а не прво на примирје, што беше поздравено од Москва. Пред самитот, Трамп кажа дека нема да биде среќен ако со Путин не договори прекин на огнот. Зеленски ќе патува во Вашингтон в понеделник за да разговара со Трамп за следните чекори.
