Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Западот го растури договорот на Русија и Украина?

Дали Западот го растури договорот на Русија и Украина?

Според Русија, тие биле блиску до договор со Украина, но Западот се вмешал. 

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Русија не се откажала од преговорите со Киев. Според него, Западот сака да ја врати Русија на границите од 1991 година. Вели дека Западот веќе води вистинска војна против Русија. 

„Никој од новинарите не ги прашува нашите западни колеги, претставниците на американската администрација, на ЕУ или НАТО, кои изјавуваат дека е прерано Украина да почне преговори. Потребно е прво да забележат повеќе победи во актуелните околности, па дури потоа да почнат преговори од посилна позиција“, кажа тој.

Го спомена и „лицемерното однесување на западните политичари и медиуми“.

Инаку, Институтот за војна објави дека рускиот претседател Владимир Путин се плаши од моќта на првиот човек на групата Вагнер, Евгениј Пригожин. 


Украина чека нови пратки оружје од западните земји. 


фото ЕПА

Слично

Поврзани вести