Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали за две години короната ќе биде ставена под контрола?

Дали за две години короната ќе биде ставена под контрола?

Се претпоставува дека коронавирусот ќе биде ставен под контрола во рок од две години. 

Ова го соопшти прес-службата на Светската здравствена организација. 

Се навршија точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија. 

Првично, организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.

Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории. 

Засега вирусот е заразен на ист начин.

„Врз основа на сегашната евиденција, на повеќе од 80.000 геномски примероци, утврдено е дека преносливоста и сериозноста на вирусот не се променети”, наведува СЗО, додавајќи дека промените кај вирусот постојано се следат.

Иако Ковид-19 е нов вирус сега се знае многу за него.

Во светот сега има 28.3 милиони заразени, а над 900.000 починаа од вирусот. 

САД, Индија и Бразил имаат најмногу случаи. 

Индија има рекордни скоро 100.000 нови заразени за еден ден.

Слично

Поврзани вести