Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ВОЈНАТА СЕ ШИРИ: Делови од ракета паднаа во Молдавија

ДАЛИ ВОЈНАТА СЕ ШИРИ: Делови од ракета паднаа во Молдавија

Пронајдени се делови од ракета во Молдавија, пренесува молдавскиот сервис на РСЕ.

Граничната полиција пронајдe фрагменти од ракета, за која се претпоставува дека е најверојатно од руските ракетни напади врз Украина.  Веќе трет пат се случува истото. 

„Ја изразувам мојата огорченост поради недостигот на почитување на суверенитетот на Република Молдавија, нејзиниот воздушен простор денеска повторно е прелетан, пронајдени се делови од ракетата што падна близу Ларга во областа Бричени“, рече премиерката Наталија Гаврилица.

Инаку, Модлавија стравуваше дека во 2023 година, Русија може да изврши инвазија на нејзината територија, затоа што и кај нив имаат руско малцинство во регионот Придњестровје. 

Придњестровје е во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија таму има околу 1.500 војници да служат како мировници.

Поради руската инвазија на Украина, делови од Молдавија пред неколку месеци останаа без струја. 

Денеска потресни сцени стигнаа од Днипро каде руски проектил погоди зграда, уби пет цивили, а голем број се под урнатините. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести