Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали вакцината за „Свински“ грип им штети на трудниците

Дали вакцината за „Свински“ грип им штети на трудниците

Голем број на загрижени натписи имаше во медиумите за време на епидемијата на „Свинскиот“ грип и вакцината за Н1Х1 ја поврзуваа со повеќе несакани последици кај трудниците и нивните новороденчиња. Проблемот се нафати да го истражи шведски тим на научници од Каролинска институтот во Стокхолм. 

Според нивното истражување кое траело повеќе години нема забележано никакви негативни последици врз бременоста, ниту за мајката ниту пак за бебето. Тие испитале околу 40 илјади бебиња чија мајка ја примила вакцината против свински грип по 2009-та кога изби епидемијата низ светот и не нашле никакви последици врз работата на срцето и виталните органи, ниту пак има деформитети на екстремитетите. 

Резултатите на швеѓаните ги потврдија и д-р. Џенифер Ву од Ленокс Хил болницата во Њујорк која имаше загриженост дали мајката треба да биде вакцинирана во првите три месеци од бременоста. Сепак, овие истражувања нема да убедат многумина кои се против вакцинирањето и се плашат од несаканите последици како нов глобален феномен со голема недоверба кон медицинските власти. 


Слично

Поврзани вести