Дали украински деца се даваат на посвојување во Русија?
Има сомнежи за наводно испраќање на украински деца во Русија, каде наводно ќе им бидат понудени на посвојување на руски семејства.
Ова го тврдат од Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Мишел Башеле од ОН рече дека нејзините служби „ги истражуваат наводите за присилна депортација на деца од Украина во Руската Федерација“.
„Според тие обвинувања, некои деца наводно биле „киднапирани од сиропиталиште за да бидат понудени на посвојување во Русија“, рече таа.Тие ќе продолжат да ја следат состојбата. Се сомневаат дека руските власти ќе дозволат преместување на деца од Украина во семејства кои живеат во Руската Федерација.
foto EPA/ROBERT GHEMENT
Слично
