Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Украинците се спремни за контраофанзива?

Дали Украинците се спремни за контраофанзива?

Украина најави голема контраофанзива и властите велат дека уште утре можат да почнат. 

За Би Би Си, украинскиот функционер Олексеј Данилов не сакаше да даде точен датум, но рече дека нападот за враќање на териториите од окупаторските сили на  рускиот претседател Владимир Путин, би можел да започне „утре, задутре или за една недела“. Тој предупреди дека украинската влада нема право да погреши затоа што ова е историска можност што не можат да ја изгубат.

Како секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Данилов е во центарот на воениот кабинет на претседателот Володимир Зеленски.  

Данилов потврди дека некои од платеничките сили на Вагнер се повлекуваат од градот Бахмут, но додаде дека тие се прегрупираат на три други локации.

Данилов рече дека е „апсолутно смирен“ поради тоа што Русија почнала да распоредува нуклеарно оружје во Белорусија, велејќи: „Тоа не е новост за нас“. 

Данилов за Би-Би-Си изјави дека вооружените сили ќе почнат напад кога командантите ќе пресметаат дека украинските сили можат да постигнат најдобар резултат.

„Ние сме подготвени. Исто како што бевме подготвени да ја браниме нашата земја во секое време. И тоа не е прашање на време. Мораме да разбереме дека не можеме да ја изгубиме оваа историска можност што ни е дадена, за вистински да станеме независна, голема европска земја“, рече Данилов. 

Тој зборуваше и за Бахмут и ја бранеше одлуката на украинската армија да не се повлекува од градот со месеци. Вели дека ако се повлекуваат од секое населено место, руските сили ќе стигнат до нивните западни граници. 

„Бахмут е наша земја, наша територија и мораме да ја браниме“, рече тој. 

Кажа дека украинските сили контролираат само мал дел од градот и дека Киев го признава тоа. 

„Но, мора да запомните дека Бахмут одигра голема улога во оваа војна“, вели Данилов. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. Украина врати дел од окупираната територија. 

Слично

Поврзани вести