Дали Украинците се отсечени во Бахмут?
За Украинците останува само еден пат во градот Бахмут.
Вршителот на должноста лидер на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин вели дека за вооружените сили на Украина останал само еден пат што води до Артeмовск (Бахмут), а останатите патишта се отсечени. Објасни дека во самиот град продолжуваат тешките борби, а вооружените сили на Украина продолжуваат да пружаат отпор и таму префрлаат дополнителни резерви и опрема. Пушилин додава дека состојбата е „блиску до оперативно опкружување“. Ден претходно е објавено и дека руската војска ги зазела блиските населби Двуречје и Краснопољевка. Но, украинската армија испраќа нови резерви во правец на Маринка, што го забавува нејзиното заземање.
Војната во Украина порано или подоцна ќе стигне до најголемите градови во Русија, вели советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак.
Тој смета дека во Русија ќе има ескалација. Украинците се повлекле од Соледар.