Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Украинците го убиле командантот на руската Црноморска флота?

Дали Украинците го убиле командантот на руската Црноморска флота?

Украинците тврдат дека го убиле командантот на руската Црноморска флота при нападот во петок во Севастопол на Крим. 

„Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по нападот“, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.

Велат дека се повредени уште сто и пет лица. Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва молчи. 

Русија во петокот извести дека само еден војник се води за исчезнат откако во напад тешко е оштетено седиштето на руската Црноморска флота. Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани, вклучувајќи го и Крим. Украинците редовно го гаѓаат Крим, но и цели во Русија. 

Украински дрон ја уништи командата на руски воздухопловен полк кај Курск. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 

Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Слично

Поврзани вести