Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Украина ќе се распадне на неколку држави?

Дали Украина ќе се распадне на неколку држави?

Се споменува сценарио според кое Украина ќе се распадне на неколку држави. 

Секретарот на Советот за безбедност на Русија,  Николај Патрушев денеска изјави дека политиката на западот и украинската влада води кон распад на Украина.

Тој во интервју за владиниот весник Росијскаја газета, кажа  дека Соединетите Држави со години се обидуваат да всадат омраза кон сè што е руско кај Украинците.

„Сепак, историјата учи дека омразата никогаш не може да стане сигурен фактор во националното единство. Ако нешто денес ги обединува народите што живеат во Украина, тоа е само страв од злосторствата на националистичките баталјони“, рече Патрушев.

Сепак, украинските власти претходно кажаа дека не можат да прифатат да изгубат територии во замена за мир. Русија бара припојување на Крим, Доњецк и Луганск.  Во Украина војната почна на 24 февруари. 

Сега има тензии и во Молдавија и страв дека кризата може да се прелее и во оваа земја. 

foto freepik.com
Слично

Поврзани вести