Дали Трамп ќе испрати трупи во Иран?
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток, додавајќи дека конфликтот со Иран „наскоро ќе заврши“, објави „Еуроњуз“.
„Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Тој оцени дека, и покрај растот на цените на нафтата по нападите врз Иран, последиците се помали од очекуваното.
„Очекував да биде многу полошо. Не е толку лошо и наскоро ќе заврши“, рече Трамп.
Од своја страна, јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и предупреди дека ситуацијата на Блискиот Исток може сериозно да влијае врз глобалната економија. САД и Израел веќе 20 дена го напаѓаат Иран. САД и лани изврши напади во Иран. Двете земји не сакаат Иран да поседува нуклеарно оружје.
foto printskrin youtube
