Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали странските платеници ги ловат Русите како на сафари?

Дали странските платеници ги ловат Русите како на сафари?

Стигна обвинување упатено до странските платеници кои војуваат во Украина. Амбасадорот на Русија во Соединетите Американски Држави(САД) тврди дека странци кои се борат на страната на украинските сили ги ловат Русите кои се борат во војната во Украина. 

Амбасадорот Анатолиј Антонов кажа за рускиот весник Известија дека странски криминалци и платеници се придружиле на борбата против руските сили од почетокот на војната.

„Никој на Западот тоа не го крие. Огромен број платеници и криминалци од разни видови се собраа на украинската територија. Тие се како на сафари и ловат Руси“, изјави Антонов. 

Вели дека Западот ја користи Украина како инструмент за борба против Русија и дека постои желба од Русија да се направи слаба држава или да се подели на десетина помали држави.

News Week контактирал со Украинската меѓународна легија за територијална одбрана за да побара мислење на оваа тема. Легијата е основана во февруари, а Киев објави дека околу 20.000 странски борци изразиле интерес да се приклучат. Сепак, не е јасно колку Американци има меѓу тие борци.

Украинците слават во Херсон. Руската војска е повлече. 

Слично

Поврзани вести