Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СТЕ ГО СЛУШНАЛЕ ПУТИН КАКО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ: Користи преведувачи, но понекогаш ги корегира

ДАЛИ СТЕ ГО СЛУШНАЛЕ ПУТИН КАКО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ: Користи преведувачи, но понекогаш ги корегира

Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин имаше 90-минутен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. И Белата куќа и Кремљ ги објавија темите и клучните детали од тој разговор. Сепак, многумина се прашуваа - како Трамп и Путин воопшто комуницираа за време на повикот?

Дали тој зборува англиски? Иако рускиот лидер речиси секогаш користи преведувач на прес-конференции, тој всушност има солидно познавање на странски јазици, пишува LadBible.

Всушност, 72-годишниот Путин еднаш одржа редок јавен говор на англиски јазик кога ја објави руската кандидатура да биде домаќин на Експо 2020 во градот Екатеринбург.

Можете да слушнете снимка од тој говор на оваа снимка:

Зошто Владимир Путин ретко зборува англиски?

Англискиот не е единствениот странски јазик што Путин го зборува - рускиот лидер, наводно, течно зборува германски, поради фактото што извесен период беше советски шпион во Источна Германија, и има одржано неколку говори на тој јазик.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во 2021 година (преку iNews) изјави дека Путин „совршено го разбира англискиот јазик“, па дури и повремено ги поправа своите преведувачи.

Но, зошто тогаш тој речиси секогаш инсистира да зборува со светските лидери на руски?

Генерално, тој почнува конверзација со неколку учтиви реченици на англиски - а потоа брзо преминува на руски јазик за сите посериозни теми, заклучува LadBible.


Слично

Поврзани вести