Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ситуацијата со мигрантите во Германија е подобрена?

Дали ситуацијата со мигрантите во Германија е подобрена?

Ситуацијата со мигрантите во Германија значително е подобрена во споредба со минатата година, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел.

Во говорот пред парламентот, Меркел изјави дека ќе продолжи со напорите за зголемување на безбедноста и забрзување на репатријацијата на мигрантите на кои им е одбиен азил.

Меркел го нарече договорот на Брисел со Анкара за запирање на мигрантите како многу потребен.

„Треба да постигнеме консензус по прашањето како да одбраниме надворешните граници и слободно движење во ЕУ. За морските ни граници нема друг начин освен дијалог со нашите соседи, ако не сакаме луѓето да продолжат да се дават и шверцерите да владеат "- рече уште канцеларката.

Според неа договорот со Анкара  може да послужи како модел за преговарање со други земји.

Слично

Поврзани вести