Дали Сиријците успеаја да соборат ракети?
Пентагон тврди дека сириската воздушна одбрана не успеала да собори ниту еден од 105-те проектили кои синоќа САД и нивните сојузници ги испалија врз Сирија.
Шефот на Здружението на штабот на американската војска, Кенет Мекензи вели дека сириската противвоздушна одбрана не делувала врз ракетите и авионите кои биле вклучени во изведувањето на нападот. Објасни дека нема знаци дека делувале руските противвоздушни системи. Тој вели дека 105 ракети се испалени на три локации во Сирија.
„Го нападнавме срцето на сириската програма“- рече Мекензи, според кој, на Сирија на овој начин и бил нанесен голем удар и нема податоци за цивилни жртви.
Русија претходно соопшти дека се испалени 103 ракети, а сириските сили пресретнале 71, поради системите од советска изработка, со кои тие ги опремиле Сиријците.
Советот за безбедност на ОН оддржува вонредна седница на барање на Русија, на која се дискутира за ракетните напади што синоќа во Сирија ги извршија САД, Франција и Велика Британија, како реакција на наводниот напад со хемиско оружје.
Иранскиот претседател, Хасан Рохани денеска телефонски разговарал со сирискиот водач Башар ал Асад, при што му ветил дека Иран ќе продолжи да ја поддржува Сирија, по ракетните напади.
Слично
