Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали се враќа европската криза? Португалија повторно во проблеми!

Дали се враќа европската криза? Португалија повторно во проблеми!
Сите знаци укажуваа на заздравување: Португалија успешно се врати на пазарите на капител по тригодишна апситненција, а во мај земјата го напушти европскиот заштитен чадор. Веднаш потоа португалската Влада објави дека ќе се откаже од последната транша од кредитот за помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Но веќе се случува првиот противудар: на банката Банко Еспирито Санто (БЕС), најголемата приватна банка во земјата , и се заканува колапс. Загрижена дека ова може да предизвика нова банкарска и финансиска криза, португалската Влада најави дека ќе ја спасува БЕС со 4,4 милијарди евра. Парите повторно доаѓаат од европскиот пакет за помош. Од вкупно 12 милијарди евра доделени од Европската унија, ММФ и Европската централна банка, останаа уште 6,4 милијарди евра. „Тоа секако е удар за Португалија, сега да мора да спасува една банка“, вели Холгер Шмидинг, главен економист во Бренеберг Банк. Турбуленциите во семејното царство на Еспирито Санто веќе со месеци ја држат во грч португалската банкарска и финансиска фела. Близу до работ на катастрофа банката ја втурнаа наводни прикриени долгови од 1,3 милијарди евра. Потешкотии се појавиле заради парични проблеми на семејството основачи на БЕС, бидејќи најголемиот дел од нивните компании биле презадолжени. „Секогаш ќе има проблеми во одредени банки. Она што е важно е да се спречи проблемите на одредени банки да ги зафатат и другите или целата економија“, појаснува Шмидинг. Според најавите, БЕС ќе биде поделена на една „добра“ и една „лоша“ банка, во која ќе бидат издвоени сите лоши пласмани. Добрата банка ќе продолжи нормално да работи под името Ново Банко, со што штедачите би биле заштитени и не треба да стравуваат од загуби. Со ваквиот план, економистите не очекуваат прелевање на кризата во банкарскиот сектор и повлекување на парите од другите португалски банки.  
Слично

Поврзани вести