ДАЛИ СЕ СЛУЧУВА ДРАМА ВО РУСИЈА - Русите тврдат дека Украинците им упаднале и држат заложници, Украина демантира
Се појавија информации дека украинска разузнавачка група влегла во регионот Брјанск, веднаш над северната граница со Русија, како дел од, како што изгледа, ненадеен напад.
Руската новинска агенција ТАСС јавува дека агенциите за спроведување на законот известуваат за судир со украински саботери и дека има мртви и ранети меѓу жителите на областа.
Се наведува дека меѓу загинатите има и цивили.
Руските медиуми јавуваат дека украинска група од околу 50 членови ги заробила жителите во селото Сушани, со експлозии и пукотници.
Медиумите велат дека украински диверзанти држат заложници во селото Љубечане.
„Шест жители на областа Брјанск би можеле да бидат заложници на украинските диверзанти кои се инфилтрирале во две локални села од регионот Чернихив во Украина. Две села Љубечан и Сушани, кои се наоѓаат во областа Климовски, беа нападнати од диверзанти. Во моментов, до шест цивили се држат во заложништво. Круговите на одбраната не го прецизираа бројот на украинските саботери кои навлегле во регионот на Брјанск, но велат дека има неколку десетици вооружени милитанти. Престрелката е во тек“, пренесе ТАСС.
Во Сушани се кренати во воздух трафостаница и бензинска пумпа, велат од База.
Локалниот гувернер Александар Богомаз напиша на Телеграм дека група „украински напаѓачи нападнале возило преку граница во руската област Брјанск, при што убиле еден жител и раниле едно дете“.
Богомаз изјави дека „денес диверзантско-извидувачка група извршила инвазија од Украина“ во селото Љубечане, кое се наоѓа директно на руско-украинската граница.
„Саботери пукаа во автомобил во движење. Во нападот загина еден локален жител, а рането е десетгодишно дете“, додаде тој. Детето е однесено во болница, напиша рускиот функционер.
Државната новинска агенција РИА Новости објави дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на дневен брифинг со новинарите изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол „поради ситуацијата во регионот Брјанск“. Песков рече дека инцидентот е „терористички напад“.
Владимир Путин денеска ќе претседава со итен состанок на Советот за безбедност на Русија, изјави руски пратеник, откако Русија објави дека „група украински диверзанти се инфилтрирале во пограничниот регион Брајанск“.
Тврдењата не се независно потврдени. Украина веќе подолго време предупредува дека Кремљ планира да спроведе операции со лажни знамиња со цел да ја обвини Украина за ескалација на конфликтот.
Новинската агенција Ројтерс соопшти дека не може веднаш да ги потврди извештаите. Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот познат случај на украински борци да извршат копнен напад врз самата Русија откако Владимир Путин ја започна својата инвазија минатата година.
Да потсетиме, на крајот на февруари, рускиот претседател Владимир Путин ја повика руската безбедносна служба ФСБ да ги засили своите разузнавачки активности и да го спречи влегувањето на „диверзантските групи“ во земјата.
Украина вели дека тврдењето на Москва за прекуграничен упад е „провокација“.
Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак изјави дека „приказната за диверзантската група на Украина во Русија е класична намерна провокација“.
„Руската Федерација сака да го исплаши својот народ за да го оправда нападот врз друга земја и растечката сиромаштија по една година војна. Партизанското движење во Русија станува се посилно и поагресивно. Треба да се плашите од вашите партизани...“, рече тој на Твитер.
Минатата недела, украинските воени претставници предупредија на можна операција со лажно знаме или провокација.
Руските напаѓачи се подготвуваат за можни провокации на првата годишнина од нивната инвазија на Украина за да ги обвинат украинските бранители за нарушување на територијалниот интегритет.
Како што пренесува Укринформ, ова го соопшти Украинската оперативна команда за север во објава на Телеграм.
„(Русите) се подготвуваат за можни провокации на годишнината. Веројатно целта им е да ги обвинат украинските бранители за нарушување на територијалниот интегритет. „Ова се заснова на разузнавачки податоци кои го забележаа движењето на колони воена опрема во зоната на границата со Черниговската област без идентификациски знаци и со персонал облечен во униформи, слични на униформите на вооружените сили на Украина“, се наведува во извештајот.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и руските војници спроведуваат мерки за елиминирање на вооружените украински милитанти кои ја преминале државната граница – соопштија од ФСБ за ТАСС.
„ФСБ на Русија и придружните единици спроведуваат мерки во пограничниот округ Климовски во областа Брјанск со цел да ги елиминираат вооружените украински националисти кои ја преминале државната граница“, додаваат тие.
(Index.hr, РИА Новости, ТАСС)
Фото: ЕПА
