Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ СЕ ШТЕТНИ ЗА ЛУЃЕТО: Радиоактивни честички пронајдени во Јужна Кореја

ДАЛИ СЕ ШТЕТНИ ЗА ЛУЃЕТО: Радиоактивни честички пронајдени во Јужна Кореја

Мала количина траги од радиоактивни честички се пронајдени во Јужна Кореја, oбјави јужнокорејската Комисија за нуклеарна безбедност и заштита.

Радиоактивни изотопи на ксенон се детектирани при анализи на примероци земени од почвата, воздухот и морската вода. 

Потребни се дополнителни анализи за да се утврди дали изотопите се јавиле поради севернокорејскиот нуклеарен тест и дали била направена проба на хидрогенска бомба.

Откриените траги од ксенон-133 не се сметаат за штетни за луѓето и животната средина.

Јужна Кореја внимателно ги следи активностите на Пјонгјанг, стравувајќи дека би можеле повторно да истрелаат интерконтинентални балистички ракети и тоа в недела, за време на прославата на Денот на државноста на Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести