Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали САД ќе се вклучи во војната во Израел?

Дали САД ќе се вклучи во војната во Израел?

Пензионираниот американски генерал Бери МекКафри вели дека САД би можеле да се вмешаат во војната во Израел. 

Вли таква ескалација најверојатно ќе се случи само доколку блискоисточните соседи на Израел се силно вклучени во тековниот конфликт, пренесува „Бизнис инсајдер“..

„Другиот чевел што го чекаме е да видиме е дали Хезболах ќе интервенира од Либан со своите 100.000 ракети? Дали Западниот Брег ќе се запали? Што ќе прават Сиријците и Египќаните? “, рече МекКафри.

Милитантите на Хамас во саботата изведоа серија ненадејни напади врз Израел, убивајќи стотици луѓе и зедоа десетици заложници долж границата со Појасот Газа. Израел објави војна како одговор.

„Претпоставувам дека нашата поддршка за Израел ќе биде апсолутна и ако видиме сириска воена интервенција, активна иранска воена интервенција, ќе влеземе во војна“, додаде МекКафри.

САД вчера соопштија дека испраќаат нападна група носач на авиони, вклучително и Ф-35 и Ф-16, за да патролираат во источниот Медитеран и да спречат сеопфатна војна во која се вклучени соседите на Израел.

Мекафри изјави дека ова е негова сопствена проценка за конфликтот и дека „апсолутно нема шанси“ некој американски функционер јавно да се согласи дека Америка може да војува во Израел.

„Она што јас го велам е дека ако постоењето на државата Израел е загрозено, ако сириската армија интервенира, ако Хезболах почне да ги совладува Израелците, според мое мислење, во тој момент, би размислиле за активна интервенција од воздух и поморските сили“, рече тој.

Сепак, малку е веројатно дека САД ќе испратат војници во Израел, со оглед на сопствените копнени капацитети на ИД, додаде МекКафри. Oд саботата има воени судрии и најмалку 1.000 загинати на двете страни. 

Хамас распоредува 1.000 припадници на специјалните единици за напад на Израел, изјави денеска извор близок до групата. Како што наведе, Хамас се подготвува да го изврши најразорниот напад врз Израел во последните децении.

фото скриншот

Слично

Поврзани вести