Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали САД ќе нареди воена акција против Северна Кореја?

Дали САД ќе нареди воена акција против Северна Кореја?

Oткако американскиот претседател,  Доналд Трамп на Твитер напиша дека „разговорот не е одговор“ во решавањето на проблемот со ракетните проби на Северна Кореја, секретарот за одбрана Џејмс Матис го изрази спротивставеното мислење. 

Русија побара од САД да се воздржат од воена акција.

Секретарот Матис на состанокот во Вашингтон со министерот за одбрана на Јужна Кореја, Сонг Јунг Мо рече дека Соединетите држави никогаш не биле надвор од дипломатските опции.

Претходно Трамп исклучи секакви дипломатски преговори со Северна Кореја, порачувајќи дека Соединетите држави 25 години разговараа со Северна Кореја и дека „разговорот не е одговор“.

Во вторникот Северна Кореја лансира уште една ракета која може да носи нуклеарна боева глава, овојпат директно насочена над Јапонија.

Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара од Соединетите држави да се воздржат од воена акција против Северна Кореја.

Тој имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Лавров, како што информира руското Министерство за надворешни работи, му рекол на Тилерсон дека секаква американска воена акција против Северна Кореја ќе биде „полна со непредвидливи последици“.

Тој му порачал на Тилерсон дека евентуални натамошни санкции врз Северна Кореја ќе бидат контрапродуктивни. Јапонија по лансирањето на ракетата врз нејзинот северен остров Хокаидо побара дополнителни санкции врз Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести