Дали САД ќе избере жена директор на ЦИА која вршела тортура?
Џина Хаспел работи во ЦИА околу 30 години. Па затоа американскиот претседател, Доналд Трамп, го информирал Конгресот дека формално ја именувал заменичката директорка на ЦИА, Џина Хаспел, да биде нов директор на оваа Агенција.
Минатиот месец, Трамп на Твитер напиша дека ја избрал Хаспел да го замени Мајк Помпео.
Инаку според извештај на "New York Times" од 2017, Хаспел во 2002 присуствувала на мачење на двајца осомничени во таен затвор на Тајланд, а подоцна била вмешана во уништувањето на видео-снимките од тоа мачење.
Еден од споменатите осомничени бил изложен на "Waterboarding", односно 83 пати во период од еден месец, главата му била удирана од ѕид, а бил изложен и на други сурови методи пред агентите да оценат дека нема корисни информации, пишува "The Times".
Како резултат на таа тортура, таа била сменета од позицијата шеф на тајните служби на ЦИА.
