Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали САД има атомски бомби во Европа?

Дали САД има атомски бомби во Европа?

САД имаат 150 нуклеарни боеви глави распоредени во Италија, Германија, Белгија, Холандија и Турција, пишува турскиот весник Хуриет. 

Турција е една од петте европски членки на НАТО во кои е распоредено американско нуклеарно оружје, стои во извештај на турскиот Парламент за присуството на атомско оружје низ светот. Делови од овој документ објави весникот. 

Оваа бројка се однесува пред се на гравитациската атомска бомба Б61, која во Турција е распоредена во воената база Инџирлик. САД до 60-те години на минатиот век во Турција држеа и нуклеарни проектили Јупитер, но ги повлекоа од земјата како дел од договорот со поранешниот Советски Сојуз за решавање на кубанската криза.

Во извештајот на турскиот Парламент се проценува дека има околу 15.000 нуклеарни боеви глави во светот, кои се сопственост на 14 држави и тие се распоредени во вкупно 107 воени бази. Од нив, 9.400  се употребливи, додека преостанатите се застарени и треба да бидат уништени.

Најголеми нуклеарни воени сили се САД и Руската Федерација, и тие заедно имаат околу 93 проценти од светскиот нуклеарен аресенал. 

Слично

Поврзани вести