Дали руски дронови погодиле територија на земја членка на НАТО?
Украинските власти велат дека Русија со дронови погодила романска територија.
Украина денеска објави дека руски беспилотни летала се урнале и детонирале на територијата на Романија, земја членка на НАТО за време на нападот на украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав. Сепак, Букурешт категорично ја отфрли информацијата.
„Според податоците на Украинската државна гранична служба, во неделата вечерта, при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, руски „Шахеди“ паднал и се активирал на територијата на Романија“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека имаат фотографски докази кои покажува дека руски беспилотни летала погодиле романска територија во текот на ноќта.
НАТО има обврска за колективна одбрана според која воената алијанса нападот врз еден сојузник го смета за напад врз сите сојузници, потсетува Ројтерс.
Делови од руски проектил лани паднаа на територија на Молдавија. Руската инвазија на Украина трае повеќе од 28 месеци.
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
