Дали Русите се подготвуваат за бомбардирање на Одеса?
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса.
Тој денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море.
„Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство“, рече Зеленски.
Зеленски ги повика своите сонародници да ги протераат руските сили од Украина.
„Мораме да излеземе! Мора да се бориме! Секогаш кога ќе се укаже прилика“, вели Зеленски.
На почетокот во Одеса беше мирно и немаше напади. Веќе 11 дена, Русите и Украинците војуваат во Украина, а украинските сили тврдат дека убиле 10.000 руски војници.
Бегалската криза во Украина е најбрзо растечка во Европа по Втората светска војна, со повеќе од 1,5 милиони украиснки бегалци кои ја напуштија земјата во последните десет дена, соопштија Обединетите нации.
ЕУ воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
Во вакви околности погодени се и руските олигарси. Дел од нив претходно го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната.
foto Wikipedia
