Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русите кои избегаа за да не војуваат во Украина ќе служат во израелската армија?

Дали Русите кои избегаа за да не војуваат во Украина ќе служат во израелската армија?

Русите што избегаа од војувањето во Украина сега се затечени од израелската регрутација.

Алиса, 17-годишна фотографка, побегна од Русија во Израел набргу по почетокот на војната во Украина лани на 24 февруари. Неколку месеци подоцна, таа е повикана да служи во израелската армија.

„Ја напуштив Русија поради војната и не можам да се замислам себеси да служам во која било армија, во која било земја. Воопшто не сакам да имам никаква врска со убивање луѓе. Дури и да не го сторам тоа сама, не сакам да ја носам истата униформа како луѓето кои, од која било причина, убиваат други“, вели таа за Москва тајмс. 

Таа е една од стотиците руски емигранти кои, откако избегаа од воената репресија или мобилизација на нивната земја, сега се соочуваат со воена служба во Израел.

Алис и другите интервјуирани  побараа да останат анонимни, бидејќи воената цензура е активна во Израел, а израелските одбранбени сили (ИДФ) во голема мера им забрануваат на војниците да разговараат со печатот.

Повеќето израелски тинејџери, мажи и жени, се очекува да служат во редовите на ИДФ, услов што се однесува на новите руски мигранти на возраст под 22 години кои ќе добијат државјанство. 

Матвеј (19) учествуваше на бројни протести во Русија и не сакаше да служи во ИДФ.

„Не се согласувам со многу акции на израелската армија, така да се каже, и не сакам да убивам луѓе. Се разбира, постои и прашањето за окупацијата на Палестина од страна на Израел“, изјави тој за „Москва тајмс“. „Но, ние разбираме дека главната цел на израелската армија е да го брани Израел. Сè уште се обидувам да го ограничам што е можно повеќе учеството во секакви незаконски дејствија што постојат во израелската армија. И, добро, да не бидам дел од тоа“.

И покрај неговата првична неподготвеност, Матвеј сега служи во сајбер единица, откако сфати дека службата на ИДФ е клучна за неговата интеграција во израелското општество.Одбивањето да служи во ИДФ во голема мера станува табу во Израел, а пречките со кои се соочуваат тие што бегаат од регрутирањето го нагласуваат неговиот квази статус.

Израел регрутираше 300.000 резервисти како одговор на повеќекратниот напад од Газа и „трга во офанзива“, изјави денеска висок воен портпарол. Од ненадејниот напад во саботата, израелски авиони гаѓаат цели во Газа додека копнените сили се борат да ја вратат контролата врз пограничните села и градови заземени од палестински вооружени напаѓачи.

foto EPA

Слично

Поврзани вести